ВИДЕО : Одбележан патрониот празник на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

„Света должност е да се сака и брани Татковината, но најсвето нешто е да се даде животот за неа. Мирче Ацев е еден од плејадата народни борци и херои кои го дадоа својот живот за Македонија“, ова беше главната порака која денеска беше упатена денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп каде беше одбележан нејзиниот патрон празник и 75 години од загинувањето на народниот херој Мирче Ацев. Чествувањето започна со положување на свежо цвеќе пред бистата на народниот херој, која се наоѓа во кругот на касарната, каде почит оддадоа делегации на АРМ, Општина Прилеп, Сојузот на борци од Прилеп и учениците и професорите од гимназијата „Мирче Ацев“. Чествувањето потоа продолжи со пригодна програма во која учество зедоа учениците од гимназијата.

 

 

„По долго ѕверско физичко измачување, во обласната полициска управа во Скопје и без судски процес, Мирце Ацев и Страшо Пинџур биле убиени од бугарската полиција, а нивните тела биле фрлени нииз прозор на 4 јануари 1943 година. Во чест на Мирче Ацев, првиот баталјон на Народноослободителната војска на Македонија, формиран на 18 јули 1943 година го добива неговото име. Овој баталјон е јадрото за формирање на АРМ и денес 18 август се слави како Ден на АРМ. Света должност е да се сака и брани Татковината, но најсвето нешто е да се даде животот за неа. Мирче Ацев е еден од плејадата народни борци и херои кои го дадоа својот живот за Македонија. Мирче загина но остана да живее во песните и легендите, во книгите и нашите мисли. Денес го одбележуваме патронатот на касарната и со задоволство можеме да кажеме дека сме горди што ги продолжуваме светите традиции на нашето минато. Ќе направиме се името на Мирче Ацев да остане во меморијата на младата популација и идните генерации“, истакна командант на касарната „Мирче Ацев“, потполковник Ивица Цветковски.

 

Присутните на настанот имаа можност да ја разгледаат и изложбата на опремата и вооружувањето со кое располага оваа единица.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien