Голем ѕид од мраз се појави на границата помеѓу Русија и Кина

На руско-кинеската граница се појави необична величествена појава – голем ѕид од мраз, јавува германската телевизија Фокус.

 

Тој многу наликува на ѕидот од веќе култната серија “Игра на тронови”. Но разликата е што овој ѕид навистина постои. Ѕидот се наоѓа на североисточниот дел од Кина, кај границата со Русија.

 

Меѓутоа тој не е изграден ниту од Кинезите, ниту од Русите. Ѕидот се појавил природно. Во овој предел зимите се многу ладни и често дува силен ветер, па токму тој е причината за појава на овој ѕид на крајбрежјето на езерото Ханка.

Настанувањето на ѕидот е необичен феномен, кажуваат метеоролозите. За да настане, времето треба да биде ладно и ведро, а под замрзнатата површина на езерото треба постојано да тече вода. На почетокот ѕидот бил висок 3  до 4 метри, за веќе сега да достигне неверојатни 20 метри. Бидејќи оваа година сите фактори се поклопиле, многу туристи веќе се на пат да го набљудуваат овој редок природен феномен.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien