Нов договор за Куртоа во Челзи: Белгиецот станува најплатен голман во светот

Тибо Куртоа се согласи на нов договор со англискиот клуб Челзи, објави локалниот весник „Телеграф“. Новиот договор ќе истече во летото 2023 година, а според него, белгискиот репрезентативец ќе добива 10,5 милиони фунти годишно и ќе стане најплатен голман во светот.

 

„Помина и новата година, а ќе мора да почекаме уште неколку недели и потоа да седнеме и да разговараме. Среќен сум во Челси и новиот договор е блиску“, изјави Куртоа.

 

Куртоа беше привлечен во Челзи во 2011 година, но потоа играше три сезони во Атлетико Мадрид, додека на голот на тимот од Лондон беше Петар Чех. Белгиецот дури и се соочи со Челзи во Лигата на шампионите во дресот на Шпанците.

 

Новиот договор на Куртоа беше главна тема во англиските медиуми веќе подолго време, а се шпекулираше дека голманот може да го напушти „Стенфорд Бриџ“ доколку не биде постигнат договор.

 

Актуелниот договор со Челзи истекува во летото 2019 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien