Свечена академија по повод патрониот празник на СОУ гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп

По повод патрониот празник на гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп, вечерва во народниот театар „Војдан Чернодрински“ се одржа свечена академија на која учениците се претставија со богата културно-забавна програма. На свечената академија во чест на народниот херој Мирче Ацев настапија: гимназискиот хор којшто се претстави со повеќе композиции под диригенство на проф. Татјана Иваноска, а со пригодни стихови се претставија рецитатори како и вокални солисти.

 

Инаку денеска се одбележуваат 75 години од смртта на Мирче Ацев и 73 години од формирањето на прилепската гимназија со решение на Президиумот на АСНОМ.

 

„Ги заокружуваме свеченостите околу патрониот празник кои започнаа уште минатата недела со спортски активности, поетска вечер, ликовна изложба, а вечерва на традиционалната свечена академија особена чест ни прави присуството на градоначалникот Илија Јованоски кој беше некогашен ученик на гимназијата што зборува за богатството од знаења што го нуди гимназијата, а кое мислиме и понатаму да го продолжиме со што поголеми успеси“, истакна Диме Настески директор на гимназијата „Мирче Ацев“.

 

На манифестацијата присуствуваше и градоначалникот Јованоски кој им порача на младите да се борат за нови идеи, знаења и нови предизвици.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien