„Циклонска бомба“ им се заканува на САД

Силна зимска бура го погоди југоисточниот брег на САД со необично многу снег и мраз. Во државите на Флорида, Џорџија и Јужна Каролина, пријавени се снежни врнежи, какви немало таму веќе скоро 30 години, објави Асошиејтед Прес.

 

Четириесет милиони луѓе на источниот брег на САД се подготвуваат за невреме, што метеоролозите, го нарекуваат „циклонска бомба“ – силна зимска бура, која доаѓа преку Атлантскиот Океан, што ќе доведе до урагански ветрови, поплави по должината на брегот и над 30 см снег. Предупредување за зимска бура е издадено од Флорида по целиот атлантски брег на север. Според временските прогнози, крајбрежните ветришта на урагани денес можат да предизвикаат бранови од 7 метри.

 

Училиштата во југоисток ги откажаа часовите само неколку месеци откако беа затворени поради закана од ураган, а полицијата ги повика луѓето да не патуваат со своите автомобили во области, кои не свикнале на слично време, карактеристично за североисточните делови на САД.

 

Аеродромите во Савана, Чарлстон и на други места се затворени. Вчера, 500 летови беа откажани, а денес – најмалку уште 1.700. Меѓуградската магистрала 95 стана лизгалиште низ речиси целата должина (над 320 км) во Јужна Каролина.

 

Најмалку 17 лица се жртви на опасно ниските температури, кои со денови блокираа големи области во САД, од Тексас до Нова Англија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien