Бостон го прегази Кливленд, Кари со тројка на 3 секунди до крајот за победа на Голден Стејт

Facebook
Twitter
Email
Print

Бостон Селтикс победи во најинтересниот натпревар одигран вчеравечер против Кливленд и успеа да ги порази ,,коњаниците”со резулат од 102:88. Со оваа победа Селтикси се зацврстија на челната позиција на Истокот и сега имаат дури шест повеќе од вицешампионот, кој е на третата позиција.

 

Кајри Ирвинг мечот го заврши со скромни 11 поени, но пресуди тимската игра на Селтикс. Роузер постигна 20 поени, Смарт и Тејтам по 15, Браун реализираше 14 а двоцифрен беше уште и Хорфорд со 10 поени.

 

Кај поразениот Кливленд, Леброн Џејмс даде за него скромни 19 поени додека најголемо разочарување беше Кевин Лав кој даде 2 поени, а поранешниот кошаркар на Бостон Селтикс, Ајзеа Томас не доби шанса да игра против Селтикси.

 

 

Актуелниот шампион, Голден Стејт Вориорс, потешко од очекуваното ја запиша својата 28. победа во новата сезона на НБА, откако на гостински терен со минимални 122-125 славеше над Далас, со тројката на Кари во последните секунди.

 

„Фантастичната четворка“ на гостите беше одлична и реализираше 100 поени. Прв стрелец беше Кари со 32 поени, Дурант и Томпсон постигнаа по 25 поени а Грин забележа 18. Кај поразениот Далас, се истакна Матјуз со 22 поени и Барнс со 18 поени, додека Новицки даде 12 поени.

 

 

НБА резултати:

 

Орландо – Хјустон 98:116
Филаделфија – Сан Антонио 112:106
Вашингтон – Њујорк 121:103
Бруклин – Минесота 98:97
Мајами – Детроит 111:104
Бостон – Кливленд 102:88
Чикаго – Торонто 115:124
Милвоки – Индијана 122:101
Далас – Голден стејт 122:125
Денвер- Феникс 134:111
Јута – Њу Орлеанс 98:108
ЛА Лејкрс – Оклахома 96:133

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи