Меѓународна потерница за петмина осомничени за настаните во Собранието

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за внатрешни работи преку канцеларијата на Интерпол во земјава, распиша меѓународна потерница за петмина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година, кои се во бегство.

 

Станува збор за Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа, Младен Додевски, Дејан Давидовски и Митре Питроповски, кои досега се бараа само со домашна потерница.

 

Сите петмина, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги товари за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

 

Кривичниот суд во Скопје кон средината на минатиот месец на петмината во отсуство им одреди мерка притвор од 30 дена, со што веднаш штом ќе станат достапни за органите на прогонот ќе бидат спроведени во истражен затвор.

 

Тие се дел од 36-те осомничени за кои ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција на 28 ноември, минатата година отвори истрага за насилствата во Собранието.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи