Бошњаковски: Заев ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција потврди дека премиерот Зоран Заев ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос, но сè уште не е договорена средба со грчкиот колега Алексис Ципрас.

 

Со ова, Македонија се враќа на форумот на светската политичка и економска елита после цели 15 години. Засега не е утврдена агендата за билатералните средби, па оттука е неизвесно дали ќе има состанок меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Заев и Ципрас.

 

Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос е годишен собир на светската политичка и бизнис елита, а Заев ќе биде првиот македонски политичар кој ќе учествува на Форумот по пауза од цели 15 години, бидејќи последен што учествувал на овој светски собир е претседателот Борис Трајковски во далечната 2003 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.