Грузискиот суд во отсуство го осуди Саакашвили на три години затвор

Судот во Грузија денеска во отсуство го осуди поранешниот претседател на таа земја Михаил Сакашвили на три години затвор поради злоупотреба на власта при помилувањето на четирите полицајци осудени за убиство на банкар.

 

Судот утврди дека Саакашвили е виновен за злоупотреба на неговите претседателски овластувања, бидејќи се обидел да ги прикрие доказите за убиството на грузискиот банкар Сандро Гирглијани, давајќи помилување за четворица мажи кои беа осудени за убиството.

 

Гирглијани беше пронајден мртов во 2006 година надвор од Тбилиси со повеќе повреди, откако бил виден во бар како учествува во расправија со високи претставници на Министерството за внатрешни работи.

 

Сакашвили беше претседател на Грузија од 2004 до 2013 година, а потоа е поставен за гувернер на украинскиот регион Одеса, од мај 2015 до ноември 2016 година, кога поднесе оставка, жалејќи се дека централните власти ја попречуваат неговата борба против корупцијата.

 

Без грузиско државјанство Сакашвили остана кога доби украинско државјанство, но и тоа државјанство го изгуби во јули минатата година кога му го одзеде претседателот на Украина Петро Порошенко. Грузија побара од Украина екстрадиција на Сакашвили, но Киев не го исполни нивното барање.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien