Дербито на Западот за Голден Стејт, Оклахома поуспешна од ЛА Клиперс

Голден Стејт забележа нова победа на гостувањето кај Хјустон и се зацврсти на лидерската позиција

 

„Воините“ ја забележаа седмата победа во низа на гостувањата во Тојота Центар во регуларн дел од сезоната откако утрово го совладаа Хјустон на негов паркет со 114-124.

 

Без првата ѕвезда Џејмс Харден, предводени од Крис Пол, „Ракетите“ му парираа на противникот три четвртини, и во најголемиот дел од средбата беа во водство. Но кон финишот на третиот период, гостите го подигнаа нивото на игра, се одлепија на двоцифрена предност и на крајот стигнаа до нов триумф за зацврстување на првата позиција.

 

Кари мечот го заврши со 29 поени, девет скока, Клеј Томпсон беше стрелец на 28 поени додека Дрејмонд Грин имаше учинок од 17 поени, 14 освоени топки под обрачите и 10 асистенции забележувајќи го вториот трипл дабл сезонава.

 

Во поразениот тим најефикасен со 30 поени беше Ерик Гордон, кој впиша и седум асистенции, Џерлад Грин беше стрелец на 29 поени, а Крис Пол додаде 28 поени, седум скока и девет асистенции.

 

 

Во вториот натпревар Оклахома го совлада Лос Анџелес Клиперс со 124:114, а Расел Вестбрук стигна со 29 поени, 11 асистенции и 12 скока и за него ова е 12-ти трипл-дабл сезонава или вкупно 91 во кариерата. Пол Џорџ постигна 31, а Кармело Ентони 22 поени.

 

На спротивната страна ДеАндре Џордан имаше учинок од 26 поени и 17 освоени топки,  Блејк Грифин забележа 24 поени, девет скока и седум додавања, а Лу Вилимјамс имаше 26 поени и 10 асистенции.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien