Меси може да замине од Барслеона и без заштитна клаузула

Шпански „Ел Мундо Депортиво“ објави шокантен детаљ од договорот на Лионел Меси што наиде на неверување кај фановите на Барселона. Аргентинскиот фудбалски волшебник ќе замине бесплатно од „Камп Ноу“ во случај Каталонија да прогласи независност од Шпанија, нешто што го посакуваат најголем дел на фановите на екипата.

 

Меси самиот побарал да биде вметната таква клаузула во договорот за продолжување на соработката со клубот. Но, ако веста тогаш беше прифатена со еуфорија, сега ситуацијата е во голема мера променета. Репрезентативецот на „гаучосите“ го условил своето останување во тимот на Ернесто Валверде само доколку Барса се натпреварува во Примера, во Премиер лигата, во Бундес лигата или во француската Лига 1.

 

Аргентинецот потпиша нов договор во ноември, седум месеци пред истекот на стариот договор. Меси се врза со Барселона до јуни 2021 година, но има откупна клаузула од 700 милиони евра.

 

Клубот одби да ги коментира појавените информации.

 

„Во интерес на доверливоста, клубот никогаш не ги коментира договорите склучени со играчи, и никогаш нема да го прави тоа“, стои во соопштението од Барселона.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien