Поплави и одрони во јужна Германија

Локалните германски власти соопштија дека поројните дождови и топењето на снегот предизвикаа поплави и свлечишта во јужна Германија.

 

Стотина лица се евакуирани во градот Сент Блазејн како претпазливост поради очекуваните временски промени коишто се очекуваат за ноќва. Германската метеоролошка служба соопшти дека од петокот утрото се очекуваат меѓу 70 и 120 литри дожд на квадратен метар на некои подрачја од регионите Шварцвалд и Алгау.

 

Во другите делови од сојузната земја Баден-Виртемберг полицијата соопшти дека се соочува со поплавени сообраќајници. Во градот Кемптен во Баварија, пак, поплавени се подруми и гаражи.

 

Запрен е речниот сообраќај на реката Мозел и на делови од реката Некар, а следните денови слична мерка би можела да биде донесена за Рајна.

 

Во многу области на Рајнланд-Пфалц пријавен е поплавен имот. Според метеоролозите во наредните денови се очекува да врне уште повеќе дожд, а нивото на реките ќе продолжи да расте.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien