Заев: Божиќ нека ни биде причина за неминлива радост

Премиерот Зоран Заев, по повод верскиот празник Божиќ – Рождество Христово, упати писмо со честитки до Г.Г. Стефан, Архиепископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, и до сите православни верници во Република Македонија.

 

Во честитката на премиерот Заев до православните верници се истакнува дека додека „овие денови ја слушаме ангелската песна што го слави раѓањето Христово, ја слушаме и пораката која секоја година повикува да ги подготвиме нашите срца за Неговото раѓање во сите нас.“

 

„Славењето на овој ден не е само спомен на историскиот настан, туку е повик Христос да се роди внатре во нас и од нас да направи подобри луѓе. Срцето на човекот е најсоодветното место за тоа. Овој празник не потсетува да се подготвиме, да направиме место во нашите срца, да го исполниме со радост и љубов, зашто радоста е темел на духовниот живот. Празнувањето на Божиќ нека ни биде причина за неминлива радост, за да ја споделуваме со сите, во сите наши претстојни предизвици“, напиша премиерот во честитката.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien