Дебакл на Кливленд во Минеаполис

Минесота Тимбервулвс го декласира вицепрвакот во НБА-лигата, Кливленд Кавалирс.

 

Кливленд се соочува со сериозни проблеми. По синоќешниот сериозен пораз, каде во еден период губеа и со 41 поени разлика, очигледно е дека во редовите на клубот нешто не штима. Минесота со одличната игра на крај покажа дека е квалитетна екипа и успеа да ги порази Кливленд со 28 поени разлика, со конечен резултат од 127:99.

 

Во победничкиот тим Вигинс постигна 25 поени, а Џими Батлер имаше ефект од 21 поен, 8 скока, 9 асистенции и 3 украдени топки. Кај Кливленд најефикасни беа Џеф Грин со 22 и Кајл Корвер со 19 поени. Лидерот на Кливленд, Леброн Џејмс, го одигра најлошиот меч сезонава, постигнувајќи само 10 поени.

 

 

Резултати:
Индијана – Милвоки 109:96
Бруклин – Торонто 113:114
Чикаго – Хјустон 107:116
Минесота – Кливленд 127:99
Њу Орлеанс – Детроит 112:109
Сакраменто – Сан Антонио 100:107
Голден стејт – Денвер 124:114
ЛА Клиперс – Атланта 108:107

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.