Меѓународна културна манифестација за одржување на турското културно наследство на Балканот

Во рамките на 4-та меѓународна културна манифестација на Балканот, која што го негува културното наследство од Република Турција, денеска во прилепското село Канатларци престојуваше турска делегација.

 

Од Општина Прилеп информиираат дека тројца пратеници: Кемал Ал Бајрак, Шабан Кардеш, Идаи Севен и претставникот на турското Министерство за култура, Сибел Ујгар на средба со градоначалникот Илија Јованоски ја истакнале потребата од продлабочување на соработка на културен план.

 

„Турските претставници најавија и можности за збратимување на Општина Прилеп со една општина од турската престолнина Анкара, но и донации за решавање на проблемите со водата и инфраструктурата. Манифестацијата се одржа во организација на фондацијата „Туркмен алплер“ од Анкара“, велат од Општина Прилеп.

 

Канатларци е единствено село со турско население во општина Прилеп. Околу 95 отсто од вкупно 1.700 жители се од турска националност.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien