Модриќ призна даночното затајување, ќе плати 1 милион евра казна

Хрватскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ им признал на шпанските власти дека затаил данок, пренесува „Мундо Депортиво“.

 

Хрватот е еден од многуте фудбалери кои се обвинети за затајување данок во Шпанија, a исто како и за останатите, и за Лука Модриќ проблем е продажбата на имиџ правата.

 

Фудбалерот на Реал Мадрид се товари дека не ги пријавил овие приходи соодветно за годините 2013 и 2014 и ја оштетил државата за 290.990 евра односно 579.738 евра. Хрватот беше обвинет дека со својата сопруга Вања за наведената сума ја оштетил Шпанија на тој начин што во Луксмбург основал компанија, со цел да избегне плаќање даноците во 2013 и 2014 на име доход на договори за спонзорство. Причината е тоа што во Луксембург данокот може да се намали на само еден процент, а во Шпанија даноците се движат од 30-51 процент.

 

Лука Модриќ денеска треба да се појави пред суд, но според „Ел Мундо“ играчот веќе се договорил со даночните власти, го признал делото и платил еден милион евра за да се покрие сумата за која се товари, како и каматата

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien