Природните катастрофи минатата година ги чинеле САД 306 милијарди долари

Трошоците поради природните напогоди во САД достигнаа рекордни 306 милијарди долари во 2017 година, која ја одбележаа пожари, урагани, поплави, торнада и суша.

 

Американската Државна управа за океани и атмосфера соопшти дека во САД лани имало 16 природни катастрофи, кои причиниле штета поголема од една милијарда долари, а толку имало и во 2011 година.

 

Досега рекордна штета од природни катастрофи беше 215 милијарди долари во 2005 година.

 

Во извештајот се наведува дека само ураганот Харви, кој ја погоди државата Тексас, предизвикал штета во износ од 125 милијарди долари. Шумските пожари кои го зафатија западниот дел на САД, земјата ја чинеле околу 18 милијарди долари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien