Русите градат хотел во вселената

Ако вообичаените хотели со 5 * не ви се доволни и сакате искуство надвор од овој свет, имате среќа…

 

За само четири години, годишните одмори во вселената ќе бидат дел од нашата реалност. Руската вселенска корпорација Roscosmos планира да контруира 20 тони тежок, 15 метри долг модул за луксузен хотел на Интернационалната вселенска станица (ISS), која ќе има приватни кабини за спиење.

 

Овој вселенски хотел ќе има и хигиенски и медицински станици, ложа, опрема за вежбање и Wi-Fi интернет. Со врвен поглед на нашата планета, секој апартман ќе има прозори во облик на онине кои ги гледаме во авион, со пречник од 22,5 цм, заедно со малку поголеми прозори со пречник од 40 цм кои ќе го краси заедничкиот простор.

 

Секако, патувањето во вселената не може да биде комплетно без шетање. Целото ова патување, кое ќе трае од 1-2 недели, ќе чини 40 милиони долари по особа, но во понудата ќе биде вклучено и продолжено сместување до месец дена кое вклучува и прошетка надвор од ISS. Тоа ќе чини додатни 20 милиони долари.

 

Иако ова ниту во еден случај не е ефтин одмор, веруваме дека многу мулти-милионери и милијардери низ светот веќе од сега пробуваат да го букираат своето време во ова вселенско одмаралиште.

 

Изградбата на туристичкиот модул ќе чини помеѓу 279 и 446 милиони долари, па во случај само од 36 клиенти, овој модул ќе донесе профит.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien