Евакуиран аеродромот во Софија поради дојава за бомба

Аеродромот во Софија е евакуиран поради телефонска дојава за поставена бомба. Министерството за внатрешни работи на Бугарија ја наредило евакуацијата, по телефонскиот повик за можната закана во 12.20 часот, според локалните медиуми.

 

Полициски екипи со кучиња трагачи веднаш го зазедоа аеродромот и почна пребарување на експлозивна направа. Не е дозволено приближување на никакви возила во областа околу аеродромот.

 

Неколку часа пред дојавата за бомба бугарската министерка за Европска комисија, Лилијана Павлова, била на аеродромот на прес-конференција за новинари, на настан во врска со електрични возила.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien