Светска банка: Раст на македонската економија од 3,2 отсто во 2018

Македонската економија годинава ќе оствари раст од 3,2 отсто, прогнозира Светска банка во најновиот извештај за економските перспективи наведувајќи дека во Македонија по надминувањето на политичката криза главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит поради најавените трошоци за инфраструктурни проекти.

 

„Во Македонија по надминувањето на политичката криза, која имаше влијание врз економијата, главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит поради најавените трошоци за инфраструктурни проекти“ – велат од Светска банка.

 

Во проекциите на Светската банка за следната година се предвидува раст на македонскиот БДП од 3,9 проценти и 4 проценти во 2020. Како и во есенскиот редовен извештај за економијата во ЈИЕ, СБ процени раст од 1,5 проценти на македонската економија во 2017.

 

Од земјите во регионот според прогнозите Албанија ќе има раст од 3,6 отсто, БиХ 3,2 проценти, Бугарија 3,3 отсто, Србија 3, Хрватска, 2,6 проценти, Црна Гора 2,8, а Косово 4,8 отсто.

 

Светска банка проценува дека глобалната економија годинава ќе се подобрува и предвидува раст од 3,1 процент.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien