ВИДЕО – Блажеска : Наскоро ќе излезе мојот прв албум „World On A String“

Мартина Блажеска е еден голем музички талент кој свири на акустична гитара, компонира, пее и е текстописец. По потекло е од Охрид, а моментално живее со САД, во Бостон, каде студира на колеџот за музика Беркли.

 

Блажеска стана позната со своите препеви, преку кои и беше забележана како врвен музичар и сега нејзините видеа на youtube  имаат над 1 милион прегледи.

 

На гитара започнала да свири кога имала 14 години и се запишува во музичко училиште. На 17-годишна возраст се преселила да студира во Лос Анџелес, а во 2014 година се запишува на колеџот за музика Беркли, во Бостон, каде што моментално се специјализира за „Guitar Performance“.

 

Повод за разговорот со неа за порталот Инфо Компас беше сминањето на нејзиниот видео спот, за првата песна, од нејзиниот прв албум кој треба наскоро да излезе. Песната се вика „Shame“, а албумот „World On A String“.

 

Локацијата на снимањето на видеото во Прилеп нема да ја откриеме, нека остане тајна се до неговата официјалната промоција.

 

Инаку албумот има 5 песни, снимен е во Германија и на него свиират музичари од Германија и Русија. Блажеска 3 од песните ги искомпонирала во 2016 и 2017 година, а 2 во 2013 и 2014 година. Освен музиката таа го напишала и текстот за нив.

 

Овој интересен разговор со нашиот млад музички талент погледнете го во видеото.

 

 

 

 

Погледнете неколку досегашни видео спотови на Блажеска :

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien