Вилијамс даде 50 поени, Дурант стана втор најмлад стрелец на 20.000 поени

Предводени од Лу Вилијамс и неговите рекордни во кариерата 50 поени екипата на  ЛА Клиперс забележа убедливата победа над шампионот Голден Стејт со 125-106.

 

Кевин Дурант важи за еден од најдобрите играчи во својата генерација и токму тоа го покажува јубилејот до кој тој стигна утрово. Дурант изброи до 40 поени, но во недостаток на Стеф Кари и Клеј Томпсон не успеа да му донесе триумф на Вориорс. Дурант со овие 40 поени стигна до бројката од 20.000 поени во кариерата и е само петтиот играч, кој до оваа магична бројка дошол пре својата 30-та година, а е втор најмлад. Кевин Дурант до 20.000 поени стигна со 29 години и 103 дена, а подобар од него е само Леброн Џејмс со 28 години и 17 дена.

 

Сепак  вечерта на Кевин Дурант ја расипаа Лу Вилијамс и ЛА Клиперси кои на крајот славеа во Оракл Арена.

 

 

Тимот на Минесота ја продолжи серијата на победи, па ноќеска славеше против Оклахома Сити на гостински терен со 88-104. Џими Батлер беше првото име кај Тимбервулвси со 26 поени, додека кај Тандерси, Расел Вестбрук оствари дабл-дабл со 38 поени и 10 скока.

НБА резултати:

 

Шарлот – Далас 111:115
Индијана – Мајами 106:114
Вашингтон – Јута 104:107
Бруклин – Детроит 80:114
Њујорк – Чикаго 119:122
Хјустон – Портланд 121:112
Мемфис – Њу Орлеанс 105:102
Милвоки – Орландо 110:103
Минесота – Оклахома 104:88
Денвер – Атланта 97:110
Голден Стејт – ЛА Клиперс 106:125

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien