Властите во северниот дел на Кина уништија христијанска мегацрква

Властите во северниот дел на Кина уништија, според очевидци, христијанска мегацрква во градот Линфен поради спротивставување на владата, додека локалните официјални лица го негираат тоа. Акцијата најверојатно ги истакнува долготрајните тензии меѓу религиозните групи и официјалната атеистичка Комунистичка партија на Кина.

 

Очевидци и активисти од странство велат дека сили на кинеската Национална вооружена полиција во вторникот користеле динамит за да ја уништат црквата Златен свеќник во Линфен.

 

 

Во Кина, според проценките, има 60 милиони христијани, многу од нив работат во независни заедници, како што е Златниот свеќник, а зголемената популарност на црквата, чие дејствување државата не го одобрила, предизвикал гневот кај локалната власт. 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien