Почина Еди Кларк, поранешниот гитарист на легендарните „Motorhead“

Некогашниот гитарист и основач на групата „Motorhead“, Еди Кларк, почина во болница на 68 години, каде беше на лечење поради воспалување на белите дробови.

 

Кларк беше единствениот преостанат жив член на бендот во кој свиреше меѓу 1976 и 1982 година, заедно со Леми Килмистер и Фил „Филти енимал“ Тејлор.

 

„Штотуку ја слушнав тажната вест за смртта на Еди Кларк. Ќе биде запаметен по своите феноменални рифови. Почивај во мир Еди“, изјави гитаристот Фил Кембел, еден од подоцните членови на бендот.

 

Поранешниот тапанар на бендот Мики Ди, напиша дека ова е ужасна вест и дека починал „последниот од трите пријатели“.

 

Веста за смртта на Кларк објавена е на официјалниот Facebook профил на групата Motorhead, а претходно ја објави Тед Керол од дискографската куќа Chiswick Records.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien