ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Јованоски го прочитаа сите, од ден во ден влегува во нова лага и ново неисполнето ветување

Почитувани излажани прилепчани и ти градоначалниче промотор на лагите, а сега далеку во странство! Најпрвин сакаме да ви го честитаме првиот работен ден во двојазичен Прилеп! Да, да двојазичен за кој што вие не убедувавте дека народот не разбрал добро, а гордо се смешкавте зад промоторот на тиранската платформа Зоран Заев под градскиот чaсовник! Рекоа на денешната прес конфренција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ  Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Имате поздрав од жителите на Три багреми-велат сте ги излажале!

 

Имате поздрав од фудбалерите, ракометарите, рекреативците и Вие но и тие од пресовите зад вас што ветуваа европски спорт-велат сте ги излажале.

 

Имате поздрав од пензионерите,кои со проектот Супер Марио беа препородени-велат сте ги осакатиле!

 

Имате поздрав од 22.000 семејства во Прилеп-чекаат 20% поевтина вода -сте ги излажале!

 

Имате поздрав од 280 фамилии чии членови благодарение на вас останаа без егзистенција-сте ги уништиле!

 

Градоначалниче – на лагата и се кратки нозете! Ве прочитаа сите! Од ден во ден нова лага, ново неисполнето ветување! Но денес ваш најголем противник не е ВМРО-ДПМНЕ ,туку народот и вашите гласачи кои се тотално разочарани од Вас.

 

За крај кај и да сте, добро поминете си и помислете дека веќе 4 месеци го уништувате Прилеп!

 

Почнете да работите! Доста е шетање, доста е сликање!“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien