Втора катастрофа по ред на Кливленд: Торонто им нанесе сериозен пораз од 34 поени разлика

Вицепрвакот во НБА шампионатот Кливленд Кавалирс претрпе нов убедлив пораз, откако ноќеска на гостувањето во Торнонто загуби со 133-99.

 

Уште на полувремето домашниот тим создаде голема предност од 25 поени, која во вториот дел постепено и ја зголемуваше, за на крајот Репторси да слават со убедливи 34 поени разлика. Интересно е тоа што Репторс до ваква импресивна победа дојдоа без двајца многу важни играчи Кајл Лаури и Серж Ибака.

 

Дури седуммина играчи на Торонто средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени. Најмногу постигна Фред Ван Влет 22 што е негов рекорд во кариерата, додека забележителен настап имаше и Литванецот, Јонас Валанчиунас со дабл-дабл учинок од 15 поени и 18 скокови, најмногу сезонава.

 

Кај Кливленд најефикасен беше Леброн Џејмс со 26 поени, а сите останати кошаркари на Кавс потфрлија. За Кливленд ова беше шести пораз на последните осум натпревари, со што Кавси паднаа на третата позиција на табелата во Источната конференција, зад Бостон и синоќешниот противник Торонто.

 

 

Во другите две средби одиграни ноќеска победи остварија двете екипи од Лос Анџелес. Клиперси во ефикасен меч го совладаа Сакраменто на гостински терен со 121-115, додека Лејкерси пред своите симпатизери славеа победа над Сан Антонио со 93-81.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien