За прв пат во историјата жените во Саудиска Арабија ќе може да гледаат фудбал во живо

Жените во Саудиска Арабија овој месец пишуваат историја, бидејќи им е дозволено по првпат да гледаат фудбал во живо од стадион. Тие ќе бидат присутни на терен во трите главни градови во земјата – Ријад, Џеда и Дамам.

 

Најпрво, жените гледачи ќе влезат во стадионот „Кралот Фахд“ во главниот град на државата, Ријад, во петок за да ги поддржат своите тимови  кои учествуваат во Саудиска професионална лига.

 

Саудиска Арабија полека ги зголемува правата на жените во последниве месеци како одговор на барањата на активистите. Саудиска Арабија оваа недела е домаќин на својот прв женски турнир за сквош.

 

Во ноември 2017 година, земјата, исто така, го претстави женскиот кошаркарски турнир за универзитетите, кој се одржа во Џеда и присуствуваа околу 3.000 жени. Жените ќе ги следаат натпреварите од трибините во делови на секој стадион со специјално распределени места за жени и семејства.

 

Жените кои присуствуваат на настаните веројатно ќе седат со деца во сегрегирани области, далеку од мажите. Овие делови се достапни за жени кои не се придружени од машки член на семејството.

 

Кафулиња и ресторани кои се во близна исто така се прилагодени за да обезбедат посебни оддели за седење.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien