КСС останува на ставот да протестира во среда пред Владата

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) останува на ставот во среда да одржи предупредувачки протест пред Владата на Република Македонија.

 

Раководството на КСС денеска на прес-конференција посочи дека до денеска немаат добиено покана од Владата и ресорните министерства за средба на која би се разговарало за заеднички прифатливи решенија за нивните барања.

 

Ваквиот однос, истакнаа од КСС, не е прифатлив и членството е подготвено во среда да излезе на протест пред Владата.

 

„Бараме повисока плата за достоинствен живот, усогласување со минималната плата, исплата на К-15 во јавниот сектор, пристојна работа без притисоци и мобинг на работното место, исплата на дотатоци на плата по теркот на народните пратеници, поголеми бенефиции преку колективните договори и почитување на колективните договори во целост, да се слушне гласот на репрезентативните синдикати и да нема реформи за работниците без репрезентативните синдикати“, рече претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

 

За следните чекори што ќе ги преземат, меѓу кои и дали навреме ќе почне второто полугодие од учебната година, ќе одлучат дополнително.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien