Премија од 100.000 евра ако ракометарите стигнат до полуфинале

Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, со рекордна премија ќе ги награди ракометарите доколку тие успеат да стигнат до полуфиналето на Европското првенство.

 

Непосредно пред заминувањето за Хрватска, на завршниот состанок на управата и стручниот штаб на РФМ со репрезентативците Мукаетов ги најавил паричните премии, кои ќе зависат од остварениот резултат.

 

Првиот човек на РФМ најави премија од 30.000 евра за влез во втората фаза и исто толку ако се обезбеди најмалку шестата позиција. Доколку пак, четата на Раул Гонзалес, влезе во полу-финалето, тогаш сумата ќе се зголеми за уште 40.000 евра со што излегува дека нашите ракометари може да дојдат до вкупна премија од 100.000 евра.

 

Ова е добар стимул за нашите ракометари што подобро да се презентираат на Европското првенство иако овие премии се далеку од она што германските репрезентативци би го заработиле за евентуален златен медал на турнирот. Секој германски репрезентативец ќе добие по 250.000 евра за одбрана на европската титула.

 

Македонија утре го игра првиот натпревар на ЕП против Словенија во рамки на групата Ц со почеток во 19.30 часот во Загреб.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien