Тетоважите го открија јакуза-водачот по 14 години во бегство

Поранешен водач на јапонската мафија јакуза е уапсен на Тајланд, по повеќе од 14 години во бегство, откако фотографии од неговите карактеристични тетоважи беа објавени на Интернет, пишува британски „Гардијан“. Шигехару Шираи (72) беше приведен додека пазареше во градот Лопбури.

 

Јапонските власти го бараа Шираи поради неговата вмешаност во убиството на ривал од 2003 година, по кое избега на Тајланд, каде што се ожени, повлекувајќи се од организираниот криминал.

 

Шираи успешно се криеше, се додека локален жител не објави фотографии на кои бегалецот беше прикажан како игра дама, при што видливи беа неговите тетоважи, како и отсутвото на малиот прст на раката, чие отсекување е казна за одреден прекршок меѓу јакузите.

 

    

 

Сликите беа споделени на Интернет повеќе од 10 илјади пати со што го привлекоа вниманието на јапонската полиција, која пак, ги извести колегите од Тајланд за Хираи.

 

„Осомничениот призна дека е лидер на јакуза-бандата Кодокаи. Тој не го призна убиството, но кажа оти имал проблеми со жртвата“, кажа гласноговорник на тајландската полиција.

 

Шираи е обвинет за убиството на водачот на ривалска фракција, кој беше застрелан. Седуммина членови на бандата на Шираи беа осудени на затворски казни од 12 до 17 години за злосторството.

 

Поранешниот јакуза бил уапсен за нелегален влез на Тајланд, по што чека екстрадиција во Јапонија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien