Туск: Историјата на Балканот е подраматична од „Игра на тронови“

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера во Бугарија на церемонијата по повод бугарското претседавање со ЕУ, испрати порака дека земјите од Западен Балкан заслужуваат стабилност и просперитет, а улогата на ЕУ е да го оствари тоа.

 

Туск синоќа предупреди од задкулисни политички игри на Западниот Балкан, говорејќи за обидот Брисел да изгради поблиски односи со земјите кои сакаат да се приклучат кон ЕУ.

 

„Историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од сценариото на Игра на Тронови, иако во неа нема змејови. Сите посакуваме сегашноста и иднината на Балканот да биде како помалку драматично сценарио. Стабилност, безбедност, напредок – тоа е она што го заслужуваат луѓето од целиот регион. А целта на ЕУ е да го направи ова сценарио реалност“, додаде претседателот на Советот на ЕУ.

 

Туск рече дека е убеден во ефикасноста на бугарското претседателство кое почна во јануари и со намигнување го охрабири премиерот Бојко Борисов, поранешен карате тренер.

 

„Со премиер кој влева страв во коските на кој било противник, сигурно ќе успеете“, рече претседателот на Европскиот совет во своето обраќање.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien