Трамп искеширал 130.000 долари на порно ѕвездата за да молчи за секс афера

Адвокатот на Доналд Трамп, еден месец пред изборите во 2016 година, исплатил 130.000 долари на порно актерката Stormy Daniels за таа да молчи за наводната афера која ја имала со тогаш идниот претседател на САД, пишува The Wall Street Journal.

 

Мајкл Коен, долгогодишен адвокат на организацијата Трамп, исплатата ја договорил со адвокатот на Стефани Клифорд, попозната под уметничкото име од порно индустријата Сторми Даниелс.

 

 

 

Клифорд тврди дека тие двајца се спријателиле во 2006 година, откако се запознале на еден голф турнир за славни фаци. Она што е уште полошо, е дека тоа било една година откако Трамп се оженил со своајта трета сопруга, Меланија Трамп.

 

„Тоа се стари и рециклирани написи, кои беа објавени и одлучно демантирани пред изборите“, изјави портпаролот на Белата куќа. На прашање за наводниот договор со Клифорд, која има глумено во околу 150 порно филмови, од кои еден е Good Will Humping, портпаролот не сакаше да одговори.

 

 

„Претседателот Трамп уште еднаш ги негира таквите случувања, како и госпожа Даниелс“, изјави Коен, кој исто така не сакаше да каже ништо повеќе.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien