Најдобриот џудо клуб од Прилеп, „Бушидо“, активно се подготвува за големиот меѓународен турнир во Војводина

Членовите на најуспешниот џудо клуб од Прилеп, „Бушидо“, активно се подготвуваат за големиот меѓународен турнир кој на 4 март ќе се одржи во Србобран, Војводина. Освен тактичко-техничкиот дел, за кој што се докажани професионалци, членовите на „Бушидо“ денови се подготвуваат и со кондициони тренинзи.

 

„Веќе трета година по ред на покана од збратимениот џудо клуб од Турија, Војводина и тренерот од клубот Милан Срдановиќ, Џ.К. „Бушидо“ од Прилеп ќе земе учество на меѓународниот натпревар во Србобран. Освен тактичко-техничкиот дел кој го вежбаат прилепските џудисти, во соработка со фитнес клубот „Шампион“ џудистите од „Бушидо“ се припремаат и на кондициониот и физички дел, со цел да го повторат минатогодишниот успех каде тие успеаа помеѓу 800 учесници да ги соберат поголемиот број од наградите, па и трофејот за најдобра женска џудо екипа во пионерки“, изјави тренерот Рубиин Пееески.

 

 

Инаку џудо клуб „Бушидо“ од Прилеп, полека, но сигурно станува еден од препознатливите спортски брендови на градот, а доказ за тоа се освоените 104 медали во 2017 година, на повеќе државни и меѓународни првенства. Тоа е огромен успех со оглед на тоа што клубот постои само 3 години и брои 40-тина членови. Годинава од џудо клубот „Бушидо“ излегоа и 5 репрезентативци.

 

Во моментов клубот врши уписи и на нови членови. Сите заинтересирани кои сакаат да спортуваат џудо и да се запишат во „Бушидо“ може тоа да го направат со посетат на некој од тренинзите на клубот кои се одржуваат во ООУ „Добре Јованоски“, во понеделник, среда и петок од 19.30 часот или да се обратат на тел. Број 072-931-803.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien