Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп го надоградуваат своето знаење во Шпанија

На 10 јануари започна реализацијата на проектот „Practice Makes Professionals“ кој што е дел од програмата „Еразмус +“ на Европската комисија при Советот на Европа, а кој се реализира со помош од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.

 

Десет ученици од СОУ„Ѓорче Петров“ од здравствената струка заедно со координаторката на проектот проф. Билјана Рошкоска и менторите  проф. Петра Лукароска и Даниела Јорданоска ја започнаа првата мобилност во Мадрид, Шпанија.

 

Учениците  се сместении во елитната населба „Las Rozas“ во Мадрид. Таму се наоѓа и Домот за стари лица „Orpea“ каде учениците ја започнаа својата практична работа.

 

„Учениците со воодушевување уште од првиот работен ден ги применуваат практичните вештини добиени во образовниот процес во училиштето и се радуваат што ќе стекнат нови знења, кои по враќањето назад ќе им ги пренесат на своите соученици. Викендите им се планирани за факултативни посети со цел да научат повеќе за шпанскатта култура, народ и традиција. Во првиот викенд имаа организирано посета на градот Толедо, каде се запознаа со дел од шпанската историја. Но иако се далеку од дома не ја забораваат и македонската традиција. На учениците им органиизиравме и вртење на паричка по повод празникот Василица. На среќниот ученик сите му посакаа среќа и успех, со надеж дека сите заедно повторно ќе учествуваат и на други вакви проекти“, истакна професорката Петра Лукароска.

 

По оваа треба да следува и втората мобилност на ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ од струката лични услуги, која тие ќе ја реализираат во Софија, Бугарија.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien