Два самоубиствени бомбашки напада во Багдад, четириесетина загинати и над 100 повредени

Четириесетина лица загинаа при двоен самоубиствен напад во Багдад, соопштија ирачките безбедносни сили.

 

Најмалку 38 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во двоен бомбашки самоубиствен напад во ирачката престолнина, Багдад. Како што изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, генереал-мајор Сад Ман, нападот се случил за време на гужва од работници на плоштадот Тајран во центарот на Багдад.

 

Пред два дена беше извршен сличен напад во кој загинаа и припадници на полицијата. Ниедна група не презеде одговорност, иако се верува дека нападот е дело на Исламската држава.

 

Во декември, ирачкиот министер Хајдер Ал Абади прогласи победа над Исламска држава, најавувајќи крај на тригодишната војна против терористите во земјата. Ирачките и американските власти предупредија дека џихадистите ќе продолжат со ваков вид напади бидејќи таа група беше протерана од делови на ирачката територија што ја зазеде пред неколку години.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien