Дејвис ја замолкна „Медисон Сквер Гарден“

Само четири натпревари беа на програмата синоќа во НБА лигата,а најинтересниот се одигра во Њујорк каде домаќинот после продолженија беше поразен од Њу Орлеанс.

 

Во текот на целиот натпревар, домаќините го диктираа темпото на игра, се до пред крајот кога Њу Орлеанс стисна и успеа да се врати во натпреварот и на крајот и да извојува победа со резултат од 118:123.

 

Гостите до триумфот беа предводени од одличниот Ентони Дејвис кој мечот го заврши со 48 поени, 17 скока како и четири украдени топки и три блокади, а беше следен од Дру Холидеј кој постигна 31 поен, додека 16 поени постигна Мур. ДеМаркус Казинс запиша „дабл-дабл“ од 15 поени и 16 скока, а имаше и пет асистенции. Во губитничкиот табор на Никси, се истакна Кристофер Порзингис кој реализираше 25 поени и  Џерд Џек со 22 постигнати поени.

 

Ова е веќе многу сериозен пораз за Никси, кои успеаа да загубат 10 од одиграни 12 натпревари.

 

 

Резултати од останати натпревари:

 

Мајами – Милвоки 97:79

Минесота – Портланд 120:103

Феникс – Индијана 97:120

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien