Падна и Црна Гора, Македонија оди во Вараждин!

Македонската ракометна репрезентација продолжува да победува на Европското првенство во Хрвастка. Вечерва извојува победа над репрезентацијата на Црна Гора со резултат 29-28.

 

Македонија има перфектен старт на Европското првенство, две победи од два натпревари. Денеска во уште еден неизвесен натпревар македонските ракометари изиграа трпеливо до крај и славеа освојување на нови два бода, со кои и официјално го заверивме пласманот во втората фаза.

 

Филип Кузмановски со пет гола беше најефикасен на натпреварот, Миркуловски и Лазаров постигнаа по четири, три реализираше Филип Лазаров. Во составот на Црна Гора Чавор запиша шест гола, Вујовиќ имаше пет.

 

Раул Гонзалез по триумфот не го криеше задоволството од новиот успех на ракометното Европско првенство. Изјави дека му е важно тимот кога е трпелив, а потенцира дека посебно задоволство кај него будат четирите бода.

 

„Јас сум задоволен од победите по првите два бнатпревари. Имаме четири бода. Не започнавме добро, но во продолжение функционираа и нападот и одбраната. Имавме трпение и на крајот стигнавме до победата. Кузмановски одигра одличен натпревар, но сите ракометари заслужуваат честитки“, изјави Раул.

 

Македонија е единствена со максимален учинок во групата и заслужено е на првата позиција, а во наредното коло кое е закажано за два дена ќе се соочи со Германија, во битка за првото место и бодови кои се пренесуваат во наредната рунда.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien