Ратификацијата на договорот со Бугарија денеска пред пратениците

Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија е на агендата на денешната седница на парламентот и во моментов трае излагањето на договорот, по што следи гласање.

 

Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Петков, пред пратениците на Собраниската комисија за надворешни работи ја претставува програмата и приоритетите за работа на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ.

 

Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година во Скопје од премиерите на Бугарија и Македонија Бојко Борисов и Зоран Заев и според нив има за цел да ги зајакне пријателските односи, добрососедството и развојот на соработката според меѓународното право.

 

Опозицијата нема да гласа за овој предлог закон и стојат на ставот дека ќе го бојкотираат Собранието се додека не бидат создадени демократски услови за да се вратат во Собранието.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.