Скандалот со бебешко млеко со салмонела зафати 83 земји

Повеќе од 12 милиони пакувања бебешко млеко во прав се повлечени од 83 земји во скандалот со салмонела на француската компанија „Lactalis“.

 

Главниот извршен директор на компанијата Емануел Бесние потврди дека ризикот се проширил. Повлекувањето на производите почна во декември, откако беше откриено присуство на салнонела во една од фабриките.

 

Веќе се поднесени тужби од родители кои тврдат дека нивните деца се разболеле откако пиеле од млекото во прав. Портпарол на компанијата рече дека информирани се сите засегнати земји во Европа, Азија, Латинска Америка и Африка.

 

Групацијата „Lactalis“ е еден од најголемите производители на млечни производи, со годишна продажба од 17 милијарди евра. Има 246 производни фабрики во 47 земји, со 75.000 вработени, од кои 15.000 се во Франција.

 

Компанијата три пати излезе со соопштение дека ќе повлекува производи, и тоа од брендовите Picot, Milumel и Taranis.

 

Засега се пријавени 35 случаи на заболени од салмонела од нивните проиводи во Франција и еден во Шпанија. Случајот во Грција уште е под истрага.

 

Од компанијата велат дека изворот на заразата најверојатно бил предизвикан за време на реновирање на фабриката Celia во Краон, северозападна Франција.

 

Агенцијата за храна и ветеринарство – АХВ досега нема добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни количини млеко и млечни производи на компанијата „Lactalis“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien