Ќе има и деветта сезона на „The Walking Dead“

Телевизиската куќа AMC ја обнови популарната серија „The Walking Dead“ за нова, деветта сезона која треба да пристигне на малите екрани подоцна во оваа година.

 

Серијата стана култна кај љубителите на хорор жанрот и на филмовите со зомби.

 

Иако рејтинзите на „The Walking Dead“ се во опаѓачка линија во последните три сезони, сепак телевизиската куќа AMC сметаше дека таа има доволно големо влијание над публиката и реши да ја обнови серијата за уште барем една сезона.

 

Освен обновувањето, стигнуваат и други вести за серијата. Поради критиките од фановите во однос на насоката во која оди серијата, AMC реши да му даде различна функција на досегашниот главен сценарист, а на неговото место ќе дојде Анџела Канг, која работи на серијата уште од втората сезона.

 

Најголемиот број критики од фановите дојдоа поради неочекуваните заплети и „непотребните“ умирања на дел од ликовите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien