Tепачка со ножеви во руско училиште, повредени мајмалку 15 ученици

Најмалку 15 ученици се повредени во тепачка со ножеви во средното училиште во рускиот град Перм. Руските медиуми објавија дека во училиштето упаднале две маскирани лица, кои со ножеви ги нападнале учениците и една наствничка.

 

Според најновите информации инцидентот се случил кога двајца ученици за време на наставата почнале караница и употребиле ножеви, а другите ученици и наставничката се обидувале да ги разделат, па така се здобиле со повреди.

 

Поради инцидентот од училиштето се евакуирани 700 ученици, а двајца од повредените, еден ученик и наставничката имаат потешки повреди и се на операција.

 

Двајцата ученици кои ја почнале караницата се приведени.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien