ВИДЕО: Американски пожарникар спаси дете фрлено од третиот кат на запалена зграда

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Американскиот телевизиски канал Си-ен-ен објави снимка од спасување дете од запалена зграда во американската сојузна држава Џорџија.

 

Како што се наведува во описот на видеото, пожарот избил на 3 јануари во округот Декалб, а снимката сега е објавена. Во пожарот биле повредени 12 луѓе.

 

На снимката се гледа како пожарникар фаќа дете фрлено од третиот кат на зградата.

 

„Го фативме детето како топка во американски фудбал. Беше неверојатно“, изјави еден од пожарникарите.

 

 

Пожарникарот херој е всушност капетанот на единицата, Скот Строуп, а во акцијата и други пожарникари спасувале деца што родителите ги фрлале од опожарената куќа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video