Вучиќ: Убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин, Приштина да не помислува да влезе на северот на Косово

За Србија убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин и така ќе се однесуваме кон него, порача претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

 

Тој кажа дека на седницата на српскиот Совет за национална безбедност е договорено да им се испрати писмо на органите на Еулекс и УНМИК со барање државните органи на Србија да учествуваат во истрагата. Како што кажа, уверени се дека учеството на органите на Србија ќе значи откривање на вистината за убиството на Ивановиќ. Тој истакна и дека убиството на српскиот политичар нема да мине неказнето.

 

„Ни Хашим Тачи ни Рамуш Харадинај не се главни на Косово, туку тоа е господарот на Косово Кадри Весељи, кој зборува дека Косово стигнало до Ниш. Нема да стигне“, рече Вучиќ и додаде дека добро ги разбрале заканите, како и молчењето на оние кои во истата секунда требало да реагираат.

 

Тој повтори дека нема да ги коментира шпекулациите, но дека убијците оставиле одредени траги. Вучиќ рече дека делегацијата на Србија во Брисел ги прекинала разговорите во рамки на дијалогот, затоа што, посочи, бесмислено е да се разговара под секојдневни закани.

 

Претседателот на Србија истакна дека постојат идеи на една зеја во рамките на КФОР да се прекине контролата врз административната линија на разграничување.

 

„Моето предупредување денес е никој да не се обиде да го користи тоа за воведување на косовските безбедносни сили ни на северот, ни на Косово воопшто“, порача српскиот претседател.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien