ЕХФ ја казни македонската репрезентација со глоба од 2000 евра

После натпреварот и победата над Црна Гора, македонската ракометна репрезентација доби казна од ЕХФ поради несоодветна опрема на дел од нашите ракометари.

 

Се работи за казна добиена поради шаренилото во опремата. Така, со 1000 евра нашата репрезентација е казнета поради различните чорапи носени од нашите репрезентативци, а дополнителни 1000 евра треба да се платат поради стреч-гаќите, што испод шорцот се гледаа кај Манасков, Стоилов, Кире и Филип Лазарови, кај Талески, Кузмановски и кај Велковски.

 

Поради нестандардни чорапи Македонија беше казнета и на ЕП 2016 во Полска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien