Напаѓачот на Шекеринска бара помала казна

Напаѓачот на Радмила Шеќеринска во Парламентот, Панче Ангелов, денеска на јавна седница во Апелациониот суд побара да му се намали затворската казна од четири години. Неговиот адвокат пред судиите посочи дека, Ангелов има 70 години и оти условите во затворите не се соодветни за неговата возраст.

 

„Не употребив сила ни спрема Заев, ниту спрема Шекеринска. Само ја фатив за коса и ја тргнав, не ја повредив“, изјави денеска тој пред судот.

 

Одбраната тврди дека квалификацијата на делото за кое Ангелов е осуден, не е точна и дека најтешката повреда на сегашната министерка за одбрана и ја нанело друго лице.

 

Го спориме делот од правната квалификација, дали се работи за насилство по став 6, кое е што повисоко казниво или се работи за насилство по став 3 коешто подразбира дека насилството е сторено во група или има за последица телесно повредување на друг…“, рече адвокатот Драган Пешевски.

 

Обвинителството пак остана на ставот дека Кривичниот суд правилно ја одмерил висината на затворската казна.

 

По одржаната јавна седница Апелацискиот суд треба за околу еден месец да донесе одлука колкава ќе биде казната за обвинетиот.

 

Судијката при изрекувањето на неговата пресуда нагласи дека во одредувањето на висината на казната преовладуваат отежителните околности.

 

„Обвинетиот Ангелов призна вина и беше свесен за тоа. По неговото признание беа изведени доказите, а законот за ова кривично дело предвидува казна од 3 до 10 години затвор. Обвинетиот Ангелов судот го огласува за виновен и го осудува на затворска казна од 4 години. Судот смета дека со ваквата пресуда ќе се постигнат целите на казнувањето, како и тоа дека пресуда ќе служи за пример на останатите граѓани на Република Македонија”, рече при објавување на пресудата судијката Џанета Бектовиќ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien