Нимиц : Освен за името ќе се преговара и за идентитетот, историјата, учебниците

Освен прашањето за името има и други “помошни“ прашања што ќе бидат тема на разговор на претстојните средби со македонските власти, вели долгодишниот медијатор Метју Нимиц за грчката национална телевизија.

 

„Има и други помошни прашања покрај прашањето за името, како неговата употреба, прашањето за идентитетот, нешто што е причина за сериозна загриженост од страна на северниот сосед и сите треба да сме исклучително чувствителни за тоа. Има загриженост и во Грција, за прашања од историјата, за сопственоста врз историското наследство, за учебниците. Овие дополнителни прашања кои ги знаеме, се важни, но јас мислам дека има решенија за нив“, вели Нимиц.

 

Ваквата изјава на Нимиц пред закажаните преговори што треба да почнат во среда фрлаат нова светлина во овој спор, дека покрај за името се преговара и за други работи иако ова досега беше демантирано.

 

Нимиц во своето излагање за Грчката национална телевизја исто така посочува дека нема да има нов предлог на името туку тоа ќе биде предлог од некои стари решенија кои претходно биле спомнати во минатото​.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.