Папата: Чувствувам срам и болка поради скандалот со сексуална злоупотреба во Чиле

Папата Франциско изјави дека чувствува болка и срам од случаите на педофилија од свештеници од Католичката црква во Чиле и побара прошка.

 

„Не можам да не изразам болка и срам, кои ги чувствувам од непоправливите зла, направени на деца од свештеници на Црквата. Треба да се бара прошка и енергично да се поддржат жртвите, но истовремено да се ангажираме тоа да не се повтори“, рече папата во говор во Сантијаго пред претставници на чилеанските власти.

 

Во една од многуте изјави за сексуална злоупотреба папата Френциско рече дека справувањето со сексуалната злоупотреба е од витално значење за веродостојноста на црквата и дека санкциите мора да се спроведат против сторителите. Меѓутоа, критиките во Чиле велат дека папата не успеал да одговори на нивното барање за преиспитување на назначувањето на Хуан Барос за бискуп од Осорно.

 

Според американската невладина организација „Бишоп акаунтабилити“, во изминатите неколку години, против околу 80 свештеници биле поднесени пријави за сексуални напади во Чиле, почнувајќи од 2000 година.

 

Во април 2011 година Католичката црква во Чиле официјално побара прошка за сите случаи на сексуални напади врз деца, извршени од нејзини претставници и за недостатокот на реакција кон жалбите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.