Словенечките ракометари размислуваат да го напуштат ЕП, ќе ја тужат и ЕХФ

Ракометната репрезентација на Словенија размислува да се повлече од Европското првество во Хрватска, незадоволни од судски одлуки, посебно во вчерашното реми против Германија (25-25).

 

Европската ракометна федерација ја одби денеска жалбата на Словенците и го регистрираше натпреварот со синоќешниот резултат.

 

„Како причина зошто ни е одбиена жалбата се наведува дека немаме право да ја оспориме одлуката на судиите, на делегатот, ниту на делегирањето на судиите. Без оглед на тоа дали судиските одлуки се во рамките на ракометните правила или не. Резултатот останува непроменет. Но без оглед на се, оваа наша жалба ќе биде уште подетално образложена во однос на претходната”, изјави директорот Урош Мохориќ.

 

Словенците имаат рок до 20. часот за поднесување на жалба за одбиеното барање од страна на натпреварувачката комисија на ЕХФ.

 

Конечната одлука како да се дејствува понатаму ќе ја донесе Ракометниот сојуз на Словенија, на чело со претседателот Фрањо Бобинац, соопштено е на прес-конференцијата во Загреб.

 

Бобинац најави и приватна тужба на Ракометниот Сојуз на Словенија кон ЕХФ поради влијание на поединец на конечниот резултат, кој беше 25:25. Словенците исто така ќе се жалат и во Судот за спортски права во Лозана.

 

Словенечката репрезентација по два натпревара има само еден бод, по ремито со Германија и поразот од Македониоја (25-24) кога Вујовиќ, исто така, имаше многу забелешки за судењето.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien