Туск и Јункер ја повикаа Британија да се откаже од напуштање на ЕУ

Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан Клод Јункер изразија надеж дека Велика Британија би можела да се предомисли и сепак да реши да остане дел од Унијата.

 

„Ако не се смени нешто кај нашите британски пријатели, Брегзит ќе стане реалност, со сите предвидени негативни последици, во март следната година. Ние, на континентот, не се предомислуваме. Нашите срца остануваат отворени за вас“, изјави Туск пред Европскиот парламент во Стразбур.

 

Тој побара појасен пристап од страна на Владата во Лондон во преговорите кои се водат за британското напуштање на ЕУ, познато како Брегзит, но во исто време изрази надеж дека одлуката која британските гласачи ја донесоа на референдум во 2016 година сè уште може да се смени.

 

Од своја страна, Јункер изрази надеж дека Туск ќе биде слушнат во Велика Британија.

 

Велика Британија ја отпочна процедурата за напуштање на ЕУ, која ќе заврши во март 2019 година, независно дали дотогаш Брисел и Лондон ќе постигнат договор за своите натамошни односи или не.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien