ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Јованоски се шета по Европа, а во Прилеп нема остварено ниту едно свое ветување

Почитувани излажани од Градоначалникот граѓани на Прилеп! Загрижени за реализацијата на лажните ветувања време е општината да распише потерница за лицето Илија Јованоски! Додека шета по Европа, Прилеп пропаѓа! Истакнаа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРо-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Битно Јованоски и по телефон ги координира отказите за старите и решенијата за новите административци! Имено овoј човек кој упорно ве лажеше се бара за да:

 

  • Ја намали цената на водата за 20%

 

  • Се бара по потерница за да изгради затворен базен во новата сала Македонја која ќе ја правеше најубав комплекс

 

  • Се бара за да појди во „Три багреми “ и да им каже на Ромите зошто ги лажел дека без детален урбанистички план ќе им донесел за 60 дена:вода ,трансформатор и струја и асфалт.

 

  • Се бара да одговори по кој критериум ги вработува новите лица во Општина Прилеп кои 8 часа се службеници, а истовремено новинари и невладини активисти

 

  • Се бара од навивачите на Победа и РК Прилеп да каже со кое лице го згасна фудбалот и ракометот во градов, а ветуваше европски спорт

 

  • Се бара бидејќи никој го нема видено да им каже зошто вработените во Еурокомпозит земаат еден денар плата ?

 

Почитувани,Прилеп има татко на градот кој своите чеда ги заборави, фокусирајќи се на осветата на 300 фамилии и вработувањето на своите најблиски! Предлaгаме под итно да се свика неговиот ГРАЃАНСКИ ПАРЛАМЕНТ и двојазично да дискутира на овие теми!“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien